Утрински Весник
Магазин

(Видео)Тиктокер сподели трик како да заспиете за две минути, луѓето воодушевени: делува

(Видео)Тиктокер сподели трик како да заспиете за две минути, луѓето воодушевени: делува

Фитнес гуру стана вирален на „Тик-ток“ откако сподели трик за заспивање за две минути.

dobivaj vesti na viber

Џастин Огустин, кој води популарен канал за вежбање на „Јутјуб“, сподели кратко видео со детали за техника на заспивање, за која вели дека најчесто се користи во војската.

„Оваа техника е развиена во армијата за војниците да можат да заспијат во секое време, на кое било место, дури и на бојното поле кога околината е крајно непријатна и бучна. Спиењето е пресудно за војникот“, вели на почетокот фитнес тренерот на почетокот на видеото, кое собра речиси три милиони прегледи и илјадници коментари на корисници.

Огустин објаснува дека неговото истражување покажало дека техниката е наменета првенствено за борбени пилоти, кои мораат да бидат 100 отсто фокусирани и да внимаваат на своите рефлекси и не можат да си дозволат да немаат сон бидејќи е опасно. Потоа открива како функционира техниката.

„За почеток, треба да земете длабок здив и постепено да го опуштите секој дел од телото, еден по еден. Започнете со опуштање на мускулите на челото, а потоа опуштете ги очите, образите, вилицата и фокусирајте се на дишењето. Следат вратот и рамената. Внимавајте рамената да не се затегнати: спуштете ги колку што можете пониско и држете ги рацете отпуштени“, опишува тиктокерот.

„Откако ќе се опуштите, обидете се да замислите нешто убаво и обидете се да ги заборавите сите стресови кои ви го окупираат умот.“

Тој, исто така, им понуди на гледачите две сценарија кои тие би можеле да ги замислат додека се обидуваат да заспијат.

„Прво можете да замислите дека лежите во чамец на мирно езеро со чисто сино небо над вас. Почувствувајте како вашиот ум се придвижува кон нешто друго, повторете си 10 секунди: „не размислувај, не размислувај, не размислувај.“

Тој додаде дека техниката треба да се практикува секоја вечер најмалку шест недели за да се видат резултати. Според Агустин, 96 отсто од луѓето кои ја совладале оваа техника можат да заспијат две минути откако ќе ги затворат очите.

Луѓето што ја следат на социјалната мрежа се воодушевени: „Дефинитивно функционира“, „Бев во војска и така ме учеа“, „Имав професор по психологија на колеџот кој беше ветеран. Тој нè научи на ова. Дефинитивно функционира“, „Мојот доктор ме научи на оваа техника кога имав ПТСН несоница. Верувајте ми, функционира откако ја вежбате секоја вечер“, се само дел од коментарите на корисниците на 2Тик-ток“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста