Утрински Весник
Свет

(Видео) Тело на девојче пронајдено во куфер во Париз

(Видео) Тело на девојче пронајдено во куфер во Париз

Безживотно тело на 12-годишно девојче е пронајдено во куфер во Париз, со трака на лицето и исеченици на вратот. Родителите вчера го пријавиле неговото исчезнување. Четири лица се во притвор.

dobivaj vesti na viber

Бидејќи во петокот не се вратила од училиште, нејзината мајка пријавила дека исчезнала, пренесува „BFMTV“, пренесува Скај њуз.

Куферот со телото бил пронајден во близина на станот во кој живеела девојката.

На снимката од надзорните камери се гледа жена пред зградата која носи куфер, во кој подоцна било откриено телото на девојката.

Бездомник го пронашол куферот и за тоа ја известил полицијата.

Француските медиуми јавуваат дека на телото на девојчето биле испишани броевите еден и нула.

Четири лица се во притвор. Меѓу нив е и човекот кој повикал полиција.

 

Можете да прочитате

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време