Утрински Весник
Свет

(Видео) Свештеник жив запален во Нигерија

(Видео) Свештеник жив запален во Нигерија
Ss2

Непознати напаѓачи ја запалиле резиденцијата на католички свештеник во северозападна Нигерија. Еден свештеник изгорел, додека друг бил застрелан кога се обидел да избега, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Застреланиот свештеник преживеал и е пренесен во болница, изјави портпаролот на полицијата.

Ss1

Поради овој напад, нарушена е довербата во безбедносните власти на Нигерија, најнаселената африканска земја, каде што треба да се одржат претседателските избори. Но, муслиманскиот север на Нигерија е полн со џихадисти кои 14 години се борат да воспостават калифат. Во северна Нигерија неодамна се случија киднапирања за откуп и убиства од вооружени банди.

Поради тоа, постои страв дека претседателските избори закажани за 25 февруари може да не се одржат во некои делови од земјата.

Минатиот јуни, вооружени напаѓачи нападнаа католичка црква во југозападна Нигерија за време на неделната миса, убивајќи десетици верници.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња