
Вистинска голгота преживеаа група македонски туристи кои вчера се враќаа од Истанбул со автобус на агенцијата „Ганиќ Ексклузуив“
Но очигледно дека оваа не е прв крах на автобусите на оваа агенција.
Читателка до нас сподели свое сведоштво од друго патување со оваа агенција до Херцег Нови, Црна Гора од пред две недели.
Нејзиниот допис го пренесуваме интегрално:
Имено на 29.08 се враќавме од Црна Гора преку истата агенција. Патот беше необичаено долг бидејќи автобусот на секој час а можеби и почесто правеше паузи, кога излеговме на една од паузите ни стана јасно за што се работи- шоферот го прскаше мотрот на автобусот со вода од црева! Јас од механика не се разбирам но претпоставувам дека може и да се случи некоја експлозија ако веќе прегреан мотор се лади константно. По ова автобусот продолжи да вози, да прави паузи за да се лади моторот се додека не ја направивме последната пауза за ладење во близина на Призрен. Откако тргнавме после не цели 10 минути автобусот комплет се изгасна на сред автопат во втора лента, трета лента за да се тргне немаше. Откако застана автобусот шоферот прво проба да го запали автобусот, бевме известени дека сега се расипал и ќе чекаме друг автобус од Скопје.
Откако застана автобусот го замоливме шоферот да ги отвори вратите да излеземе надвор бидејќи ни светлата не работеа и сакавме да викнеме полициско возило да дојде да не “обезбедува” со ротација за да не не удри некој. Светло на автопатот немаше, се возеше многу брзо а ние стоевме во втората лента па никој не не гледаше се додека не ни се доближи. Шоферот на ова ни одговори па нека не удрат бе нека не удрат и ни ги отвори вратите. Ние патниците се јавивме во полиција која прати сервис, а шоферот одби да се поправа автобусот. После 2ипол или 3 часа нов автобус од Скопје дојде и ние сами “трчавме” по автопат да си го префрлиме багажот од едниот во другиот автобус. Се сместивме и таман да тргнеме газдата на “Идеал Травел” кој дојде по нас и воедно има исто презиме со газдата и со претходно наведената агенција “Ганиќ” ни кажа да причекаме 20/30 минути да пробат да го ПОПРАВАТ веќе расипаниот автобус во 4 часот наутро!
Среќа дел од патниците почнаа да се бунат и автобусот тргна конечно за Скопје. Ја поминавме границата за влез во Македонија, возачот брзаше за дома па додека тој возеше патниците ги поделија патните исправи. Скоро бевме во Визбегово кога еден од патниците кажа дека не ја добил неговата патна исправа и ние ПОВТОРНО се вративме до граница а се испостави дека возачот неговата лична карта ја оставил на граница. Овој ист патник сподели со нас дека на одење во Црна Гора при правење на пауза во Албанија тој бил оставен на паузата, шоферот тоа не го приметил и го продолжил патувањето. Патникот некако стапил во контакт со шоферот кој замислете му кажал да најде друг автобус и да дојде до таму каде што е автобусот на Ганич!
Од Херцег Нови поаѓањето беше во 13:30 а во Скопје стигнавме во 6:30 наредниот ден наутро, не добивме никаво извинување а компензација па уште помалку. Очигледно е дека автобусот уште при поаѓање не беше добар, шоферот мораше да избере посигурно место да застанеме пред да се расипе тотално автобусот а не да го вози на сила, вели читателката додавајќи дека оваа агенција нема исправни возила и не треба да превезува патници, кога ќе настрада некој поради нивната не грижа и фаќањето на врски за технички прегледи останува да видиме