Утрински Весник
Економија

(Видео) Стоилковски: РЕК Битола во вештачка кома, наместо да произведува и продава струја, 20 милиони евра се дадени за увоз

(Видео) Стоилковски: РЕК Битола во вештачка кома, наместо да произведува и продава струја, 20 милиони евра се дадени за увоз
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грејната сезона е во ек, а РЕК Битола работи само со еден блок. Васко Ковачевски излажа дека од 15 ноември ќе работат трите блока. Поточно ветувањето беше дека од 15 ноември третиот ќе биде пуштен, а потоа за 20 дена ќе се заврши ремонтот на вториот блок. Утре е први декември, РЕК Битола работи само со еден блок! Ниту 15ти ниту до сега нема абер за работа во полн капацитет на РЕК Битола, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој додоаде дека да работеа трите блока, или барем два од трите, немаше да се увезе струја во вредност од 20 милиона евра само во ноември од страна на ЕСМ, струја која потоа ја препродаваат на ЕВН за покривање на потребите на регулираниот пазар.

Стоилковски наведе дека дневниот увоз на струја е од 3 до 5 гигават часови, односно колку што би можело да покрие со работа на само еден блок на РЕК Битола. Едноставно, ако РЕК Битола работи со два блока увозот можеби и не би бил потребен. Со три блока, ќе може да продава струја и за стопанството.

Тој истакна дека се ќе беше поинаку, ако навреме се обезбедеше јаглен, ако навреме се направеше ископ или се снабдеше со јаглен, и ако навреме се преземеа сите неопходни технички припреми на термоелектраната.

Дали ЕСМ и владата намерно работат под просек во РЕК Битолаза да може некој да профитира од увоз на скапа струја,праша Стоилковски.

Секој изминат ден со СДС на власт, Македонија се подлабоко потувана во криминал, корупција и сиромаштија. Затоа што поскоро се потребни избори, изјави Стоилковски.

Можете да прочитате

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците