Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Ковачевски да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени, да се види дека нема мнозинство

(Видео) Стоилковски: Ковачевски  да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени, да се види дека нема мнозинство
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Димитар Ковачевски ден поскоро да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени, да се види дека нема мнозинство и да се распишат избори. Истовремено до Собранието да ја поднесе и потпишаната оставка, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„Со таков чекор Ковачевски ќе си ја реализира оставката, партиските комисионери нема повеќе да земаат скапи хонорари, а државата ќе спаси пари од буџетот од натамошно крадење од власта. Наводните експерти коишто работат на измени без мандат од Собранието се исполнувачи на партиски желби и идеи кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат. Тоа е и став на 90 проценти од народот, тоа е став и на дел пратеници од СДС“, дециден е Стоилковски.

Македонските евроинтеграции, додава тој, нема да се претворат во асимилација и бришење на македонскиот идентитет, култура и историја.

Можете да прочитате

Осумгодишно дете од Врапчиште повредено од експлозија на петарда

Угостителот Зарков пред суд за убиството на мајка си – „Не се сеќавам на ништо“

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство