Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Кој ќе ги избира надзорниците за 36.500 евра плата или СДС и ДУИ веќе го имаат поделено колачот?

(Видео) Стоилковски: Кој ќе ги избира надзорниците за 36.500 евра плата или СДС и ДУИ веќе го имаат поделено колачот?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција покажа страници од договорот за коридорите добиени од, како што рече, укажувачи, каде што е наведено дека ќе бидат ангажирани специјалисти за надзор со месечни плати од 36.500 евра. Сумата за платата, според него, е точно наведена, но не и бројот на специјалистите за надзор. Ќе се ангажираат надзорници за спецификации за автопати, студии за животната средина, за заштитените богатства од УНЕСКО во Охридско, разгледување на спецификациите на патиштата или најмалку пет специјалисти со плата од 36.500 евра месечно. Најмалку петмина надзорници според бараното за најмалку пет години работа, на колку што е потпишан договорот, тоа значи дека цели 11 милиони евра ќе бидат исплатени надвор од договорената сума, оценува портпаролот на опозициската партија.

dobivaj vesti na viber

Прашува кој ќе ги избира овие надзорници, дали Владата во целост или можеби ДУИ и СДС си го поделиле колачот од 36.500 илјади евра месечната плата за еден надзорник.

„Месечната плата на еден ваков надзорник е еднаква на 40 плати на универзитетски професори во Македонија. Во Македонија 85 % од вработените земаат плата помала од просечната. Македонија е држава во која три месеци немаше ленти за дијабетичари, држава во која нема отпечатени свидетелства за ученици. И Македонија ќе дели 36.500 евра месечна плата за еден надзорник, пари повторно издвоени од буџетот на Македонија. 11 милиони евра за плати за 5 надзорници специјалисти. Овие пари се надвор од договорената една милијарда и 300 милиони евра тешкиот договор“, истакна Стоилковски.

Ова, според него, е основа за можен криминал, а голем дел од парите да заврши во приватни или партиски џебови и потоа да бидат употребени за изборен поткуп.

Во Македонија, како што оцени, се случува епски криминал, кој будно се следи и за него ќе има одговорност по смената на власта.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!