Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Стоилковски: Бегството го организираа Срѓан Димитриевски и Идриз Асани – затворски полицаец?

(Видео) Стоилковски: Бегството го организираа Срѓан Димитриевски и Идриз Асани – затворски полицаец?
300x250 opst2

„Ниту Миле Зечевиќ, ниту СДС не одговорија на прашањата од јавен интерес, а поврзани со скандалозното сценарио и бегството на осуденик од Идризово! Затоа денеска продолжуваме со уште една низа во насока на тоа како се одвивало бегството и кој се е инволвиран од структурите на коалицијата на криминалот“ рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „коалицијата на криминалот СДС/ДУИ мора да одговори дали со Срѓан „со шефот до крај“ Димитриевски, главна улога во сценариото за бегството на осуден убиец има и Идриз Асани, затворски полицаец од Студеничани? Дали коалицијата Димитриевски – Асани се главни организатори или само извршители на ова бегство?“.

„Дали Идриз Асани е член на ДУИ и десна рака на заменик – директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи, претседател на огранокот на ДУИ во Студеничани? Дали Срѓан Димитриевски и Идриз Асани работеле сами, или сепак одлуката за бегството е донесена на повисоко ниво? Дали зад бегството постои уште една порака „со шефот до крај“?“ праша Стоилковски.

Можете да прочитате

Одобрено и второто обвинение за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Во кумановската касарна со воена свеченост одбележан 17 Октомври, ден на Командата за операции

Љутков: „Пчињското изборно евенгелие“ вратено дома во депото на Охридската библиотека