Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасувачка акција на Галичица: Параглајдерист паднал и е тешко повреден, со хеликоптер пренесен во болница

(Видео) Спасувачка акција на Галичица: Параглајдерист паднал и е тешко повреден, со хеликоптер пренесен во болница

Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист.

dobivaj vesti na viber

Поради сериозните повреди на р’бетот го имобилизираа со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите го сместија во хеликоптер на МВР.

Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим.

Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи

Можете да прочитате

Приведен 17-годишник во Скопје, со остар предмет нападнал 15-годишник

Кога патиштата зборуваат повеќе од политичките ветувања

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври