Утрински Весник
Свет

(Видео) Со спектакуларни огномети, Сиднеј и Нов Зеланд ја дочекаа новата 2023 година

(Видео) Со спектакуларни огномети, Сиднеј и Нов Зеланд ја дочекаа новата 2023 година

На пацифичкиот остров Киритимати во 11 часот по наше време веќе влегоа во Новата година, а еден час по нив во Нов Зеланд пристигна 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Жителите на главниот град на Нов Зеланд се собраа да го гледаат огнометот од 328 метри високата Скај Тауер.

Во Сиднеј, илјадници огномети го одземаа здивот за спектакуларниот пречек во 2023 година. Како и секоја година, Австралија го одбележа доаѓањето на новата година со голем огномет над пристаништето во Сиднеј.

Повеќе од 7.000 огномети беа лансирани од врвот на Сиднејскиот мост и уште 2.000 од блиската опера.

Медиумите пренесуваат дека повеќе од милион луѓе ја дочекале Новата година на улиците на Сиднеј.

Можете да прочитате

Нова трагедија на Крит: Девојче се задави со суфлаки

Во Газа досега загинаа 232 новинари

Италијанските центри за мигранти во Албанија се скапи и неефикасни