Утрински Весник
Македонија

(Видео) Со полициски хеликпотер пренесено повредено лице од Галичица до Охрид   

Image 7.png

Денеска (08.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици, при транспорт на екипи од Црвен крст и пожарникари во реонот на Галичица, а воедно и со конфигурација на опрема за гасење на пожар, доби повик за пренесување на повредено лице од место во близина на врвот Магаро, Галичица.

Во најбрз можен рок заедно со тимот на Црвениот крст кој првично беше транспортиран за гасење на пожарот во реон на Галичица, на лицето му е дадена прва помош и истото е транспортирано со хеликоптер до аеродромот во Охрид, од каде што со возило на брзата помош лицето е примено во локалната медицинска установа.

Хеликоптерот Бел 412 продолжува со активности за гасење на пожарот во реонот на Галичица.

Можете да прочитате

Крмов: Да видиме дали СДСМ ќе ги блокира препораките од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица

Пишани и непишани закони – 24info.mk

Работната група за реформи во изборното законодавство продолжи со работа, се разгледуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР