Утрински Весник
Свет

(Видео) „Со Бајден стигнавме до хаос и окупација“ – порача советникот на Трамп за ситуацијата на Косово

(Видео) „Со Бајден стигнавме до хаос и окупација“ – порача советникот на Трамп за ситуацијата на Косово
Dik 300x250 mk

Од мир и напредок преминавме во хаос и окупација, порача поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел.

dobivaj vesti na viber

Тој го изјави ова откако утринава припадниците на КФОР ги опколија општинските згради на северот на Косово.

Во објавата со наслов „најнови вести“ на Твитер, Гренел сподели видео пред општинската зграда во Лепосавиќ каде се протега бодликава жица и каде се наоѓаат голем број припадници на КФОР.

„Трупите на НАТО окупираа згради на Косово. Американски војници и американски пари. Отидовме од мир и напредок под Трамп до хаос и окупација под Бајден. Бајден е толку слаб“, напиша Гренел.

Србите кои живеат на Косово и Метохија утрово почнаа да се собираат пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Пред зградите на тие општини има сили на косовската специјална полиција со шлемови и во целосна борбена опрема.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети