Утрински Весник
Македонија

(Видео) Со аплауз дочекан докторот обвинет за пожарот во тетовската болница: Ослободете го, го чекаат пациенти

(Видео) Со аплауз дочекан докторот обвинет за пожарот во тетовската болница: Ослободете го, го чекаат пациенти

Докторот Бобан Вучевски кој е обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово, со аплауз беше пречекан од пациенти пред судот каде се даваа завршни зборови. Тој се поздрави со дел од нив, кои беа собрани за да побараат слобода за него. Се заблагодари и за поддршката. Десетици граѓани порачаа дека судот треба да донесе ослободителна пресуда.

dobivaj vesti na viber

„Конечно време е веќе да се донесе ослободителна пресуда за докторот. Да не доаѓа до овие судници, на него му е местото да биде со пациентите. Затоа за жал, во нашава држава, најдобрите и најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјава и ќе нема кој да не лекува. Овој доктор треба да биде анградена. не да доаѓа овде по судниците, затоа што нема никаква вина. Тој колку може помагал и се уште помага на пациентите. Ова е нанесена неправда, тој треба да се награди, а не овде да го губи времето. Него го чекаат пациенти на кои им пружа што е можно најголема помош“, рече жена која беше на протестот пред судот.

Лице дојдено да го поддржи докторот Бобан Вучевски, му посочи на судот дека ако сака да го подобри процентот на доверба – тогаш да размислат за пресудата.

„Грешката е кај Обвинителство, докторот има обврска да ги лекува луѓето, а не да прави прием во модуларна болница, да проверува електрична инсталација, да провери дали панелите од бараките се од огноотпорни или помалку запаливи. Кривицата е кај тој што ја конструирал модуларната болница, а не кај докторот кој 24 часа беше достапен на сите граѓани“, додаде друго лице кое бара ослободување од вина.

Судењето е пред носење на пресуда.

Можете да прочитате

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација