Утрински Весник
Свет

(Видео) Снежно невреме ги зафати Словачка, Чешка и Полска: Има загинати и повредени

„Циклон бомба“ закана за САД: Откажани илјадници летови, предупредени 200 милиони луѓе во 48 држави

Снегот предизвика несреќи и прекини на струја во Словачка, Чешка и Полска, каде што денеска во невремето загинаа најмалку две лица.

dobivaj vesti na viber

Во јужна Полска, во близина на границата со Словачка, една постара жена загинала откако дрво паднало за време на невреме и тешко го оштетило нејзиниот дом. Пожарникарите пронашле пензионер во куќата, изјавил портпаролот на противпожарната служба за новинската агенција ПАП.

Една жена, исто така, загинала во близина на северното пристаниште Гдањск кога нејзиниот автомобил удрил во дрво, според ТВН24, кој објави повеќе од 140 сообраќајни несреќи поврзани со обилни снежни врнежи и лизгави патишта.

На северот, словачките власти прогласија „вонредна состојба“ во 27 општини, што овозможува посебни итни мерки и ограничувања, пренесува агенцијата ТАСР.

Во Чешка, дрвјата што паднале на далноводи оставија десетици илјади домаќинства без струја, објави новинската агенција ЦТК.

Во близина на Јаблона над Орличи, кон полската граница, итните служби морале да извлечат две повредени лица од нивниот автомобил, откако дрво паднало врз нив.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина