Утрински Весник
Магазин

(Видео) Силен ветер одвеа кауч од балкон на висококатница во Анкара

(Видео) Силен ветер одвеа кауч од балкон на висококатница во Анкара

Граѓаните на Анкара се шокираа кога видоа кауч како лета над нивните глави за време на силен ветер и бура што го зафати градот пред неколку дена.

dobivaj vesti na viber

Летечкото парче мебел излетало од балконот на стан на триесет и петтиот кат од станбен блок во турската престолнина.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како каучот лета, а откако помина извесно време во воздух падна меѓу две згради. За среќа никој не беше повреден во овој инцидент.

– Никој не беше повреден, но сите бевме исплашени – вели авторот на видеото.

Каучот наводно удрил во неколку згради во населбата пред да слета.

Сето ова се случи откако земјата ја зафати бран од силно невреме кое крена покриви и корнеше дрвја од земја.

Градоначалникот на Анкара ги предупреди своите сограѓани да бидат претпазливи кога има невреме.

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување