Утрински Весник
Свет

(Видео) Силен дожд предизвикал поплави на улиците во Солун

(Видео) Силен дожд предизвикал поплави на улиците во Солун

Солун бил зафатен од невреме кое довело до големи поплави, а доказ за тоа, како што пишуваат грчките медиуми биле фотографиите од улиците кои биле претворени во реки. Невремето довело и до прекин на електричната енергија, а Цивилната заштита издала предупредување до граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Цивилната заштита претходно преку бројот 112 ги информирала жителите на Солун за претстојното невреме, апелирајќи до граѓаните да го ограничат непотребното движење бидејќи временските појави ќе бидат интензивни, пренесува in.gr.

Цел тунел бил поплавен во Солун. Штети имало и во предградијата на Солун, во Переа. Штети биле забележани и на места на патот кон Халкидики, најмногу во Неа Каликратија. На тие места многу куќи претрпеле значителни поплави.

Пороен дожд и грмотевици се очекуваат од недела навечер до понеделник попладне низ поголемиот дел од земјата, се наведува во написите.

Според итниот билтен на Националната метеоролошка служба, до понеделник попладне ќе има преодно влошување на времето со локално пороен дожд и невреме во северна и централна Грција, кое ќе биде придружено со грмежи, град и засилен налет на ветер.

Како што се наведува, невремето ќе ги зафати Тесалија, Споради и постепено северна Евија, Беотија и Фтиотис.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ