Утрински Весник
Македонија

(Видео) Сиљановска кажа дека не смееме да молчиме пред Марсовците – дали со овој говор „се загрева“ за Самитот на иднината во ООН во Њујорк?

Goga.jpg

„Ние од родот на Венера не смееме да молчиме пред Марс и Марсовците. Мора да укажеме дека денеска не цветаат јаблани и круши туку дека цвета воената бесплодна индустрија. Но, уште нерасцветани, венеат хуманоста, честа и повредените животи“ рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Третата глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“.

Нејзиниот говор доаѓа само еден ден пред заминувањето на претседателката на Самитот на иднината на Генералното Собрание на ОН во Њујорк.

Дали ваквиот говор на Сиљановска-Давкова и пораката да не се молчи пред Марсовците се „загрева“ за нејзините настапи во ОН.

Сиљановска Давкова во четврток е предвидено да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

Шефицата на државата ќе се обрати и на Самитот на иднината, што ќе се одржи во седиштето на ОН, на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади. Сиљановска Давкова ќе учествува и на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на тема „Еднакво учество на жените во процесот на донесување одлуки: обезбедување на мир, социо-економски можности, одржлив развој и човечко достоинство за сегашните и идните генерации“, додека на покана на претседателот на САД, Џо Бајден ќе присуствува на состанок на тема „Глобална коалиција за справување со заканата од синтетички дроги“.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите

Ѓорѓиевски: Доколку ме кандидира партијата, ќе го прифатам предизвикот да ги решам проблемите на Скопје