Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шукова и Комненовиќ на увид на изградената канализациска мрежа во Побожје

Министерката Шукова заедно со градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ беше во обиколка на изградениот канализационен систем во населеното место Побожје

„Во интерес на граѓаните, во интерес на општината, проектот е навремено спроведен со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, односно со средства што Владата ги додели на општината за реализација на овој проект. Тука не застануваме, туку продолжуваме и во 2024 година со втората фаза од проектот за затварање на канализационата мрежа за ова населено место со што граѓаните ќе добијат подобри услови за живеење“ изјави министерката Шукова.

Првата фаза од проектот е финансиски подржана од Министерството за животна средина и просторно планирање со средства од Програмата за инвестирање за животната средина за 2023 година.

Можете да прочитате

Стоилковски: Анастасов од СДС излажа, Пробиштип се труе со тешки метали, а тој реди соларни панели

Бојмацалиев: Никој ниту сега ниту порано саботираше некого, 140.000 обрасци за патни исправи се на пат кон Македонија

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го послушале министерот Тошковски и не поминале на граница со старите патни исправи