Утрински Весник
Свет

(Видео) Шојгу: Војната ќе трае најмалку до 2025 година

(Видео) Шојгу: Војната ќе трае најмалку до 2025 година

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека војната во Украина ќе трае најмалку до 2025 година.

dobivaj vesti na viber

„Специјалната воена операција ќе трае најмалку до 2025 година“, рече тој. „Со доследно спроведување на мерките и плановите за активности до 2025 година ќе ги постигнеме поставените цели“, рече Шојгу.

Видеото го објави Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи.

„Какви цели си поставија? Руската армија целосно ќе се распадне? Ќе има „негативна офанзива“ сè до Москва? Сè што е можно ќе биде украдено од рускиот буџет до 2025 година? Се прашува Герашченко.

Можете да прочитате

Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: на бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција

Силен земјотрес во Турција, се почувствувал и во Грција

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина