Утрински Весник
Свет

(Видео) Шефот на вселенската агенција: Ги видов како работат на оружје кое предизвикува земјотреси, тоа е незапирливо

Македонските ученици се вратија од Турција, сите се во добра здравствена состојба

Шефот на турската вселенска агенција Сердар Хусеин Јилдирим изнесе шокантно тврдење за оружје способно да предизвика земјотреси.

dobivaj vesti na viber

Тoj на јавен состанок рече дека постојат системи за оружје кои работат на принцип на лансирање долги метални столбови од вселената, кои потоа се забиваат длабоко во земјата и предизвикуваат земјотреси.

„ Не можете да направите ништо во просторот од вселената до Земјата. Особено во земји како нас. Ништо! Дозволете ми да ви дадам пример. Ова го велам затоа што сум ги видел како работат на таков систем на оружје, и тоа е многу едноставно. Ги знаете тие улични столбови, улични светла. Тие се слични на овие столбови, високи околу 8-10 метри. Ги ставаат во сателитот. Извесна количина. А потоа ги таргетираат и ги лансираат на Земјата“, рече Јилдирим.

„ Тоа е како колец, остра точка. На пример, не дај Боже, некаде паѓа, сега нема да именуваме сценарио за катастрофа, но штом ќе удри во земјата продира до 5 километри длабоко во земјата. Се случува многу брзо и создава земјотрес со јачина од 7-8 степени по Рихтер. По ударот, се ќе биде уништено. Гледате, нема оружје, нема експлозиви, нема бомби, ништо слично. Но постои таква сила која доаѓаат од вселената и немате шанса да ја видите, да ја спречите или да се браните“, рече Јилдирим.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година