Утрински Весник
Свет

(Видео) Серија нови земјотреси во Мароко, жителите во страв: пристигнаа снимки од воздух

(Видео) Серија нови земјотреси во Мароко, жителите во страв: пристигнаа снимки од воздух

Посилно тресење на тлото е почувствувано утрово во градот Маракеш во Мароко и околните места. Земјотресите биле со јачина од 4,5 степени според апликацијата Earthquakes, која ја следи сеизмичката активност и испраќа предупредувања до корисниците на паметните телефони.

dobivaj vesti na viber

ЕМСЦ соопшти дека е регистриран земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер на 77 километри југозападно од Маракеш.

Американскиот геолошки институт соопшти дека регистрирал земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри, на околу 80 километри југозападно од градот Маракеш.

На социјалните мрежи се појавија воздушни снимки од ужасниот пустош во Мароко.

Голем број објекти се урнати или оштетени. Жителите остануваат во близина на урнатините и чекаат помош.

Сè уште не е јасно дали афтершокот предизвикал дополнителни штети или жртви, но веројатно бил доволно силен за да ги вознемири луѓето во областите каде што штетите ги оставиле зградите нестабилни и каде што луѓето веќе велат дека се плашат од последователни потреси.

„Почувствувавме како се движи земјата“, изјави жителка за Ал Џезира. „Нема штета, но многу се почувствува“, додаде таа.

Известувајќи од Маракеш, Џона Хул од Ал Џезира рече дека централниот плоштад е полн со луѓе кои спијат на отворено.

„Во некои случаи, полицијата им кажа да не се враќаат во своите домови поради страв од уривање“, рече тој.

„Многу други едноставно беа преплашени од можноста за последователни потреси и решија да останат надвор, што можеби ќе го направат повторно во наредните вечери“, рече Хал.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење