Утрински Весник
Свет

(Видео) Се појави снимка од руски воз кој носи нуклеарно оружје. Воен експерт: Имаме три опции

(Видео) Се појави снимка од руски воз кој носи нуклеарно оружје. Воен експерт: Имаме три опции

Снимка од руски воз кој носи нуклеарна опрема кон украинското бојно поле дополнително ги поттикна стравувањата дека Владимир Путин може да тестира нуклеарно оружје, јавуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Видеото е објавено на каналот „Rybar“ а според написите снимена е во централна Русија.

Воениот аналитичар Конрад Музика рече дека 12-та главна управа е одговорна за руското нуклеарно оружје, неговото складирање, одржување и издавање на единиците, пишува „Sky News“.

Музика смета дека оклопните возила ќе се користат исклучиво за заштита на нуклеарните единици и дека објавувањето на видеото веројатно е некакво предупредување за Западот. Видеото како што се наведува, се појави кога беше објавено дека Русија ќе го тестира своето таканаречено „оружје на апокалипсата“, односно нуклеарното торпедо „Посејдон“.

Торпедото е на подморницата К-329 Белгород, која плови кон Арктикот каде, според весникот „Ла Република“, руската војска има намера да го тестира.

Музика вели дека транспортот на воена опрема што им припаѓа на единиците со нуклеарно оружје не мора да значи дека Русија се подготвува да распореди нуклеарно оружје во Украина.

Можете да прочитате

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум

Израелската армија упадна во складиштата на СЗО во Појасот Газа