Утрински Весник
Свет

(Видео) Се активираше вулканот на Филипините, илјадници луѓе без засолниште

(Видео) Се активираше вулканот на Филипините,  илјадници луѓе без засолниште

Најактивниот вулкан на Филипините денеска стана активен, исфрлајќи мали количини лава по падините на вулканската планина Мајон.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади луѓе се во подготвеност да ја напуштат опасната зона во случај на голема ерупција.

Откако вулканската активност се интензивираше минатата недела, повеќе од 12.600 луѓе избегаа од главно сиромашните земјоделски заедници на 6 километри од кратерот на Мајон.

Сепак, илјадници луѓе остануваат во опасната зона во подножјето на Мајон бидејќи немаат каде да одат и да се извлечат од потенцијалната поголема опасност, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Училиштата и продавниците се затворени во Тајван поради тајфунот Чампи

Прв случај во светот: Пациент во Франција почина по зараза со добиточниот вирус Шамонда

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ