Интегрален текст од изјава за медиуми на Кристиан Јовановски Претседател на СДСМ ОО Ѓорче Петров:
Почитувани,
Ова зад мене е приватен имот во Орман во близината на реката Лепенец преворен во дива депонија, каде што товарни возила истураат токсичен и канцореген отпад. Истотака и општински камиони ја полнеле оваа дива депонија со ѓубре.
За иронијата да биде поголема ќе ви прочитам и една фејснук објава на градоначлникот Стојкоски
Имаме видеа на кои се гледа како камион во сопственост на општината депонира отпад на нелегална депонија.
Практично, Тие кои што треба да се грижат да нема диви депонии, Тие сами депонираат отпад во дивата депонија и свесно го загрозуваат здравјето на нашите сограѓани.
Овај проблем ќе го решиме брзо и одлучно! Ќе покажеме како се решаваат проблемите кога интересот на граѓаните, нивното здравје и чистата животна средина е пред личниот профит.
Ова е објава на градоначалникот Александар Сројкоски пред да биде градоначалник, но денеска откако ја извршува оваа функција, од него немаме никаква реакција, ниту еден пишан збор за видеата кои пред некој ден се објавија на кои се гледа како општинските камиони депонираат отпад во нелегалната депонија во Орман, што потврдува дека Стојкоски едно зборува кога е во опозиција а сосема друго прави кога ја практикува власта.
Наместо како што ветуваше, брзо и одлучно решавање на проблемите со дивите депонии единствено што направи е брзо претворање на целата општина во една огромна депонија во името на личниот профит, штетно по здравјето на граѓаните!