Утрински Весник
Спорт

(Видео) Сабаленка го искрши рекетот по поразот од Гоф

(Видео) Сабаленка го искрши рекетот по поразот од Гоф

Откако спречи американско финале на Ју-ес опен, Арина Сабаленка доживеа разочарувачки пораз во големото финале.

dobivaj vesti na viber

19. годишната Коко Гауф ја совлада Белорусинката со 2-6, 6-3, 6-2, освојувајќи ја првата Грен слем титула во кариерата.

Сабаленка, која од денес е број 1 на ВТА листата, остана на една Гренд слем титула. На почетокот на годината победи на Австралија опен. По поразот во финалето фурстрациите ги „исфрли“ во соблекувалната.

Во јавноста се појави видео од дивеењето на 26. годишната Сабаленка.

Белорусинката по доделувањето на наградата влезе во соблекувалната, го извади рекетот и почна да удира по подот додека не го скрши, а потоа го фрли во ѓубре.

Видеото предизвика револт кај дел од тениската јавност, но не поради сцените кои се стопати видени на големите турнири, пред гледачите на трибините и пред камерите, туку затоа што се работи за приватноста на тенисерката. Дотолку повеќе што Белорусинката многу спортски го прифати поразот на самиот терен.

Откако видеото стана вирално во неделата, Џуди Мареј, мајката на Енди и Џејми Мареј, го сподели своето незадоволство со јавноста.

„Ова видео никогаш не требаше да биде објавено. Приватен момент во празна соблекувална по разочарувачкиот пораз во Грен слем финале “, напиша Џуди и самата го сподели видеото уште еднаш.

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем