Утрински Весник
Спорт

(Видео) Роналдо збесна поради поништениот гол – го прскаше камерманот со вода

(Видео) Роналдо збесна поради поништениот гол – го прскаше камерманот со вода

Камерман „настрада“ кога Кристијано Роналдо реши да го искаже своето незадоволство кога му беше поништетн гол против Ал Шабаб. Ал Наср и Ал Шабаб одиграа 0:0 во првото коло од Купот на арапските шампипни.

dobivaj vesti na viber

Роналдо постигна гол на овој натпревар, но тој му беше поништен поради мал офсајд. Неможејќи да се помири со одлуката на судиите, по завршувањето на мечот, тој бесот го истури врз камерманот.

Камерманот го снимаше Португалецот додека тој пиеше вода и незадоволно коментираше. Роналдо го стисна шишето од кое кон „провокаторот“ излета млаз вода, а Португалецот надмено му покажа на камерманот да се тргне од него.

Роналдо го започна натпреварот од клупата, исто како и Брозовиќ и Талиска. Од оваа тројка само Хрватот не влезе во игра. Ова беше натпревар од 1. коло на Купот на арапските шампиони.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара