Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Ролинг стоун“ објави листа на најдобрите хевиметал песни на сите времиња

(Видео) „Ролинг стоун“ објави листа на најдобрите хевиметал песни на сите времиња

Магазинот „Ролинг стоун“ ја објави својата листа на 100 најдобри хевиметал песни на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

Листата вклучува песни издадени во последните 53 години, од објавувањето на првиот албум на „Блек сабат“, а ги вклучува и популарните бендови како „Лед Цепелин“, „Металика“, „Слипнот“, „Скорпионс“, „Рејџ агеинст д’ машин“, „Дип парпл“ и, се разбира, „Блек сабат“.

Листата ја состави група од 13 луѓе, кои расправаат за повеќе од 300 песни со цел да се намали изборот и да се создаде топ-100 листа. Овие луѓе се писатели и критичари кои со децении пишуваат за „Ролинг стоун“ и соработници од други публикации фокусирани на хеви-метал.

Песната Black Sabbath е прва на листата.

„Блек сабат“ и нивната истоимена песна од 1970 година се на врвот на листата. Од магазинот песната ја нарекуваат вистински метал оригинал, и опишуваат како се создала песната откако басистот Гизер Батлер имал кошмар. „Хевиметалот е роден, сосема соодветно, во кошмар,“ пишуваат во написот.

Втора на листата е песната Master of Puppets од „Металика“. Оваа песна е напишана во 1986 година и е името на првиот студиски албум на бендот.

Третото место ѝ припадна на песната Ace of Spades од „Моторхед“ од 1980 година. „Новиот бран на британскиот хевиметал ја одбележа точката каде што музиката премина од бавна и матна во брза и бесна, а неколку песни ја доловуваа таа промена на темпото како Ace of Spades,“ пишува „Ролинг стоун“.

Ова се 10 најпопуларни хевиметал песни на сите времиња:
1. Black Sabbath („Блек Сабат“)
2. Master of Puppets („Металика“)
3. Ace of Spades („Моторхед“)
4. Breaking the Law („Џуда’с прист’)
5. War Pigs („Блек сабат“)
6. Crazy Train (Ози Озборн)
7. Iron Man („Блек сабат“)
8. Raining Blood (Слејер)
9. Holy Diver (Дио)
10. Run to the Hills („Ајрон мејден“)

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес