Утрински Весник
Економија

(Видео) Ристова: Буџетот за 2023 година обезбедува покачување на пензиите и на минималната плата

(Видео) Ристова: Буџетот за 2023 година обезбедува покачување на пензиите и на минималната плата

Пратеничката на СДСМ, Лолита Ристова во своето обраќање од собраниската говорница, посветена на предлог буџетот за 2023 година истакна дека вкупните приходи се во износ од 282 милијарди денари, додека расходите на ниво од 324 милјарди денари.

dobivaj vesti na viber

Капиталните трошоци кои се проектирани да изнесуваат 48.9 милјарди денари кои ќе се финансираат од републичкиот буџет, ИПА фондови и заеми, рече Ристова, додавајќи дека од тековните расходи за исплата на плати проектирани се 34,9 милијарди денари каде е планирано усогласувањето со минималната плата во текот на следната година.

Ристова истакна дека во социјалните трансфери се планирани 75 милјарди за исплата на пензии, вклучително и усогласувањето на пензиите 2 пати во годината, како и 12.5 милјарди денари за исплата на надоместоци за социјална зашта, 1,5 милјарди денари за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност и за активни мерки за вработување, како и 3,9 милијарди денари за здравствена заштита.

Пратеничка се осврна на развојните компоненти на буџетот, и на унапредувањето на фискалната децентрализација.

„За програмата децентрализација се планирани средства во износ од 3,7 милјарди денари, што е зголемување за 43.7 проценти. Во 2022 овој процент е 4,5 отсто од ДДВ, додека за 2023 се планира да се зголеми на 5,5 отсто“ наведе Ристова.

Говорејќи за развојот на општините, таа истакна дека се спроведуваат повеќе проекти меѓу кои ги издвои ЕУ Проектот за општините, за инивативен начин на решавање на проблемите во општините, со кој се слектирани проекти во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена