Кој стои зад секојдневните дојави за бомби во училиштата, дали тоа е домашно или меѓународно сценарио, во интервју за „Макфакс“ објаснува поранешниот министер за информатичко општество, Адмирим Алити, од Алтерантивата. Тој вели дека понудиле решение, кое потоа го објасни во интервјуто, а тоа, според него, останало блокирано.
„Кај нас со оваа проблематика се занимава само МВР и тие имаат постар систем“, вели Алити по што објасни како може да се спречат секојдневните паники во училиштата, институциите, трговските центри.
Потенцирајќи ги блокадите и опструкциите со кои се соочувале како партија од страна на поранешните коалициски партнери во власта, Алити појаснува дека на таква блокада наишла и идејата со која дојавите за бомби нема да ги празнат сите згради.
„Ние во МИОА го почнавме тој процес за во 2023 година да се реализира“, објаснува тој.
Алити, разрешен од позицијата министер за информатичко општество, одговара и дали дојавите за бомби може да се поврзат со Бугарија, но и како Русија влијае врз целата ситуација, која ја нарекува хибридна војна.
Нагласува дека и неговото дете секој ден се соочува со трауми како и сите деца во државата.
„И моето дете е како сите деца. Секој ден треба да провериме дали има дојава. Тоа е исто за сите деца. Државата мора да изнајде поефективни решенија, а во светот има такви решенија, но ние треба само да ги земеме и треба да ги адаптираме“.
Повеќе во интервјуто за „Макфакс“ со поранешниот министер за информатичко општество ,Адмирим Алити.