Утрински Весник
Свет

(Видео) Расте бројот на загинати во силниот земјотрес во Сечуан

(Видео) Расте бројот на загинати во силниот земјотрес во Сечуан

Над 40 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што ја потресе кинеската провинција Сечуан.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град на провинцијата Ченгду и во оддалечените провинции.

Кинеската новинска агенција Ксинхуа објави дека загинале 46 лица, повикувајќи се на локалните власти.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Лудинг, во планините на околу 226 километри југозападно од Ченгду.

Околу 39.000 луѓе живеат во радиус од 20 километри од епицентарот, а 1,55 милиони во радиус од 100 километри.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците