Утрински Весник
Магазин

(Видео) Расправии во трамвај во Белград: девојка ѝ седна во скутот на повозрасна жена зашто ја болеле нозете

(Видео) Расправии во трамвај во Белград: девојка ѝ седна во скутот на повозрасна жена зашто ја болеле нозете

Неверојатно видео од белградскиот трамвај беше објавено на страната „Мој Белград“ на Инстаграм и предизвика жестоки реакции.

dobivaj vesti na viber

На него се гледа како помлада девојка ѝ седи во скутот на повозрасна патничка и нивната расправија. Тоа се случи на линијата 13 во Нов Белград во попладневните часови.

„Седна на баба и ја чекаше да стане бидејќи ја болат нозете – стои во објавата.

Постарата госпоѓа го моли девојчето што седи на неа да стане, но таа не се откажува.

„Остави ме на мира, не се чувствувам добро. Не прави сцена – вели девојката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Во еден момент се чини дека госпоѓата сакала да стане и да ѝ го отстапи местото на помладата девојка, но кога девојката станала, таа останала да седи и ги придвижила нозете до прозорецот.

Патничката која седела зад нив станала, бидејќи повеќе не можела да ја гледа сцената и да ја слуша расправијата што се одвивала. Девојката продолжила да се жали кога седнала зад госпоѓата со која се судрила.

„Не се чувствувам добро, едвај стојам а будалата прави сцена и трча пред мене – се пожалила таа.

Видеото ги згрози сите, а во коментарите се разви жестока дискусија. Некои заклучија дека не треба да се брза со заклучоците, бидејќи не сме го виделе почетокот на конфликтот.

Можете да прочитате

Направете го ова утре за благодет на домот – го славиме заштитникот на семејствата и брзиот услишувач на молитви

Три вида зеленчук кои можат да го забават стареењето и да го зајакнат имунитетот

3 хороскопски знаци ќе имаат судбоносна средба до 24 декември: Венера влегува во Стрелец