Утрински Весник
Македонија

(Видео) Рамадани за „Реално“: На изборите има кандидати кои се посветени на европската интеграција, но и кандидати кои се судираат со европските вредности

Realnoramadani.jpg

Осврнувајќи се на претстојните парламентарни и претседателски избори, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во интервју за „Реално“ со Мишко Иванов истакна дека на изборите, особено на претседателските, јасни се опциите и понудите.

„Едната опција е повеќе тврда во однос на она што е европска интеграција. Тука би ги ставил господинот Пендаровски, актуелен претседател, Б ујар Османи и Арбен Таравари. Другите, мислам дека имаат не со нијанси, туку очигледно јасни концепти кои се судираат со евроатлантските интеграции и евроатлантските вредности. Од друга страна, кандидатите кои се веќе градоначалници, нивниот вектор на однесување и влијание е лимитиран, затоа што немаат перформаси што се компатибилни со ингеренциите на институцијата претседател на државата“ посочи Рамадани, додавајќи дека тие ингеренции најмногу ги исполнуваат Пендаровски и Османи.

На прашањето каква кампања може да се очекува, Рамадани вели дека за претседателските избори не очекува валкана кампња, но генерално очекува како што вели, кампањата да ги соголи политичките партии.

„Во однос на анкетите што ги гледаме, кампањата може да промени нешто, затоа што во време на кампањата сите кандидати и политички партии се отвораат, не можат да се кријат, да бидат конспиративни кои ќе бидат нивните програмски определби, кои програмски концпети, која опција и ако се откријат до крај значи тогаш мислам дека многу полесно граѓаните односно гласачите би се определиле за која политичка партија односно за која политичка и геополитичка опција би се одлучиле“ посочи Рамадани.

Рубриката „Реално“ со домаќинот Мишко Иванов, се емитува секој работен ден во 09.00 часот.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор