Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање во трговски центар во Ел Пасо, има жртви

(Видео) Пукање во трговски центар во Ел Пасо, има жртви

Едно лице загина, а тројца се повредени во пукотница што се случи синоќа во трговски центар во градот Ел Пасо, соопшти полицијата на Тексас.

dobivaj vesti na viber

Двајца осомничени се приведени, а властите велат дека повеќе нема опасност за јавноста.

„ Рано е да се шпекулира за мотив“, изјави портпаролот на полицијата во Ел Пасо, Роберт Гомез.

„ Беше хаотично. Луѓето бегаа. Беа исплашени“, додаде тој. Двајца од повредените наводно се во критична состојба. Полицијата претходно соопшти дека пукале во ресторанот во центарот.

На Твитер се појавија многу видеа од местото на настанот на кои се гледа како луѓето панично трчаат низ трговскиот центар, додека некои се кријат од напаѓачите внатре.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп