Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести против мобилизацијата во Русија, има приведени

(Видео) Протести против мобилизацијата во Русија, има приведени

Низ цела Русија луѓето излегоа на протести против одлуката на претседателот Владимир Путин да воведе делумна мобилизација. Демонстрантите извикуваа „Нема да одиме во војна“ и „Живот за нашите деца“, јави дописникот на „Гардијан“ од Москва, Ендрју Рот.

dobivaj vesti na viber

На едно од видеата се гледа како полицијата држи демонстрант и го влече за нозе во Арбат, голема пешачка зона во еден од најстарите делови на Москва.

Полицијата ги уапсила и насобраните во Екатеринбург, јавува белорускиот опозициски медиум „Некста“.

Стотици Руси се собраа во градовите на Далечниот Исток како Томск и Новосибирск, каде исто така се забележани апсења.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер“, а неколку часа подоцна ја пофали

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска

Песков: Русија ќе преземе контрамерки ако нуклеарно оружје стигне до Балтикот