Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пронајдени 319 стебла канабис во Пехчевско

(Видео) Пронајдени 319 стебла канабис во Пехчевско

Вчера (01.09.2022) во 11.30 часот во атар на с. Негрево, пехчевско, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 319 стебла на растението канабис.

dobivaj vesti na viber

Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен

СДСМ: Мицкоски во Давос- дипломатска изолација и медиумски мрак за Македонија

На Попова Шапка утрово најстудено -4 степени и снежна покривка од 33 сантиметри