Утрински Весник
Магазин

(Видео) Пристигнуваат мемоарите на Памела Андерсон

(Видео) Пристигнуваат мемоарите на Памела Андерсон
300x250 (7)

Последниот ден од јануари ќе се најдат во продажба мемоарите на Памела Андерсон, а таа вели дека книгата е многу повеќе од секс снимка. Мемоарите „Љубов, Памела“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Памела, љубовна приказна“.

dobivaj vesti na viber

Во книгата, рече Памела Андерсон, е вклучено се – „од почеток до крај, од првото до последното сеќавање“.

View this post on Instagram

A post shared by Pamela Anderson 🌸 (@pamelaanderson)

Меѓу другото, во книгата и документарниот филм, Памела Андерсон зборува за нејзиното тешко воспитување во сиромашната Лејдисмит, со татко и мајка насилници, злоупотреба и силување од детството. Андерсон била физички малтретирана од нејзиниот прв сопруг Ли, кој одлежал казна за злоставување на сопружникот, откако ја удрил додека таа го држела нивниот син. Тие се разведоа во 1998 година, но заедно го одгледаа својот син.

Почнала да позира гола за да ја врати контролата.

„Тоа беше мој избор. Но, исто така, на некои луѓе им даде поттик да се однесуваат со мене со непочитување“, вели Памела.

Во документарецот на Нетфликс ќе бидат прикажани сите нејзини поранешни сопрузи – Томи Ли, Кид Рок, Рик Саломон, Џон Питерс и Ден Хејхерст.

Ss1

Можете да прочитате

Јаделе бифтеци, двојни десерти, испиле 15 шишиња вино и избегале без да ја платат сметката од 380 евра

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации