Утрински Весник
Свет

(Видео) Принцот Ендру бил вербално нападнат додека одел зад ковчегот на неговата мајка

(Видео) Принцот Ендру бил вербално нападнат додека одел зад ковчегот на неговата мајка

Принцот Ендру бил вербално нападнат додека одел зад ковчегот на својата мајка, кралицата Елизабета Втора, низ улиците на Единбург, Шкотска, пренесувааат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Испадот на еден од присутните , според написите, се случил за време на поворката од Палатата Холирудхаус, каде што телото на кралицата беше однесено од замокот Балморал во саботата до катедралата Сент Гилс пред богослужбата.

За време на официјалното покривање на поворката, еден млад човек бил снимен како извикува “Ендру! Ти си болен старец!” пред радиодифузерите да го исклучат звукот. Неидентификуваниот маж бил извлечен од кадарот на камерата а членовите на толпата по испадот извикувале „Боже, спаси го кралот“, пишуваат светските гласила.

Ендрју одел во поворката заедно со неговите браќа, кралот Чарлс III и принцот Едвард, и сестрата, принцезата Ана. Сите тројца, според написите, беа облечени во униформи на вооружените сили. Но, тој не го стори тоа, бидејќи неговата мајка му го одзеде военото покровителство и должностите во февруари по скандалот со сексуален напад.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство