На претстојниот Избор за песна на Евровизија во Ливерпул, Норвешка ќе ја претставува музичарката Алесандра со песната Queen of Kings.
Италијанско-норвешката пејачка го освои Melodi Grand Prix, норвешка верзија на националeн избор, со песна која веќе забрзано се искачува на глобалните топ листи на „Спотифај“.
Queen of Kings го зазеде и седмото место на кладилниците на Евросонг, а за неа најмногу се зборува на „Тик-ток“ каде стана хит.
На профилот со корисничко име Passione Eurovision е објавен клип од песната на Алесандра, а видеото е прегледано повеќе од 2.5 милиони пати во еден ден.
Во коментарите луѓето ги напишаа своите впечатоци, многумина се воодушевени од норвешката претставничка и ја предвидуваат нејзината победа.
„Песната пред некој ден се појави на ‘Спотифај’ и оттогаш не ја гасами“, „Ова е само за Евросонг, ми се допаѓа“, „Дами и господа, еве го победникот на Евросонг 2023“, „Дефинитивно победникот, денеска по петти пат ја слушам“, „Ова не го очекував, песната е предобра“, се само дел од коментарите.
Алесандра (20) има италијанско и норвешко потекло. Поголемиот дел од животот го поминала во Италија, но по завршувањето на средното училиште решила да живее во Норвешка.
Инаку, интересно е што Норвешка досега беше меѓу најнеуспешните земји во историјата на натпреварувањето. Таа се најде на дното на семафорот дури единаесет пати. Сепак, победи 3 пати, во 1985, 1995 и 2009 година.