Утрински Весник
Македонија

(Видео) Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток

(Видео) Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се дефинирани со меѓусебно почитување и разбирање, како и добра соработка во меѓународните организации и институции со посебен акцент на ОН.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за акредитацијата на пет наши универзитети во Јордан кои им овозможија на македонски студенти да го продолжат своето образование во Јордан и нагласи дека високото образование е клучна компонента за идниот развој и напредок на двете општества.

Соговорниците разговараа и за заедничките цели за стабилност, безбедност и просперитет на регионот на Балканот и на Блискиот Исток, каде што Северна Македонија и Јордан имаат просперитетна етничка разновидност и ја споделуваат истата политика на толеранција, соживот и почитување, градејќи општества во кои се негуваат етничката и верската различност.

Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток, како и за посветеноста и придонесот на двете држави во постигнувањето одржлив мир и стабилност во двата региона, при што претседателот Пендаровски истакна дека македонските позиции се усогласени во рамките на ЕУ и во координација со земјите-партнери на НАТО Алијансата.

Можете да прочитате

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен

Касами: За Таравари нема место во Владата, но делот од Алијанса кој не се согласува со него може да остане

Потребна е итна санација на патот во Галичник откако падна потпорен ѕид пред недела дена