Утрински Весник
Македонија

(Видео) Премиерот Ковачевски со својата ќерка гостин на Ромскиот бал во Скопје

Dsc 6890 Scaled

Во хотелот Александар Палас вечерва се одржува 44тиот Ромски бал во организација на Сојузот за Ромите.

Роми од Македонија, од соседството но и од далечни европски земји вечерва се собраа во Скопје на овој традиционален настан што се одржува 44 години по ред.

Меѓу присутните гости беше и премиерот Димитар Ковачевски кој на балот дојде во придружба на неговата ќерка.

Покрај Ковачевски пристуни беа и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски.

Балот го отвори познатиот пејач Мухарем Сербезовски кој заедно со неколку млади музички таленти ја отпеа позната „Џелем Џелем“ по што беше изведена магионичарска точка со гулабот на мирот.

Во забавниот дел настапуваат познати ромски музичари, како и гости од соседството како групата Џогани, Теа Таировиќ, Таркан, а главната гостинка на вечерта е Светлана Ражњатовиќ – Цеца.

Можете да прочитате

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени