Утрински Весник
Свет

(Видео) Потона брод во Тајланд, се трага по 31 исчезнат

(Видео) Потона брод во Тајланд, се трага по 31 исчезнат

Кралската тајландска морнарица почна операција за спасување и потрага по 31 лице исчезнато откако воен брод потона во Тајландскиот залив, а десетици луѓе беа извлечени од разбрануваното море.

dobivaj vesti na viber

Триесет и еден од 106-те членови на екипажот на воениот брод Сухотаи се’ уште се водат како исчезнати, изјави адмирал Погкронг Монтрадпалин, портпарол на Кралската тајландска морнарица, неколку часа по почетокот на потрагата.

Екипажот ја „изгубил контролата“ над бродот, кој почнал да тоне веднаш по полноќ, на триесет километри од брегот, во близина на Банг Сафан, во провинцијата Прачуап Кири Кан, на југ. .

Поради неповолните временски услови, оштетен бил електронскиот систем на патролниот брод, што довело до прекин на машините кои обезбедувале негово функционирање.

На снимката направена од морнарицата, може да се види бродот наведнат на едната страна.

„Брановите беа високи околу три метри кога бродот почна да тоне“, изјави спасениот морнар за јавната телевизија Тајландски ПБС.

„Кога почнавме да тонеме, облеков елек за спасување и скокнав. Пливав три часа“, рече тој и додаде дека чамецот за спасување не можел доволно да се доближи поради разбрануваните води.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари