Утрински Весник
Македонија

Поради дојавите за бомби, американската амбасада издаде безбедносни насоки за престој во Македонија

Американската амбасада: Без оглед на пресудите, санкциите против Мијалков остануваат во сила

Поради зголемените дојави за поставени бомби, американската амбасада од граѓаните на САД бара да избегнуваат масовни собири, демонстрации и да имаат резервен безбедносен план.

dobivaj vesti na viber

Во безбедносните насоки упатени од американската амбасада во Скопје се апелира на поголема будност за време на празничните фестивали, настани, во верските објекти, како и на локации со зголемен број присутни лица.

Во објавата, тематски насловена како „Потенцијал за зголемен криминал во текот на празниците и активни закани за поставени бомби низ Северна Македонија“, им се посочува на американските граѓани да внимаваат на сопствената безбедност, пренесе „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

„Поради зголеменото присуство од лица на празничните пазари, трговските центри и на други јавни места, амбасадата на САД ги потсетува државјаните на САД да бидат внимателни, зашто е можен пораст на кражбите и друг вид криминал“, се вели во дел од насоките, објавени преку интернет страницата на американската амбасада.

Од амбасадата потсетуваат и за зголемените дојави за поставени бомби на локации поврзани со јавниот транспорт, во трговски центри, спортски објекти и во училишта. Притоа од граѓаните на САД се бара да постапуваат согласно насоките од македонските безбедносни структури.

 

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани