Утрински Весник
Македонија

(Видео) Попов: Секогаш кога Ковачевски е фатен со скандал, тогаш Арсовска му скокнува во помош со некоја лага

(Видео) Попов: Секогаш кога Ковачевски е фатен со скандал, тогаш Арсовска му скокнува во помош со некоја лага

Како по правило секогаш кога Димитар Ковачевски е фатен во небрано со некој скандал за фирма на неговиот кум или неговата сопруга, тогаш Данела Арсовска му скокнува во помош со некоја лага и манипулација за дефокус на јавноста. Ете ова е резултатот на тајните средби на Ковачевски и Арсовска. Ете тоа е коалицијата Тачела на дело, истакна на денешната прес-конференција Сергеј Попов, советник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Но ако одбрале секој скандал за Ковачевски и владата да го дефокусираат со лага или манипулација, тогаш им препорачуваме да имаат средби на дневно ниво и да измислуваат лаги како на фабричка лента. Ковачевски треба да знае дека нема лага и манипулација која може да ги покрие криминалот, корупцијата и неспособноста на оваа власт“, додаде Попов.

Арсовска пак, вели тој, треба да знае дека лагите ќе треба да ги докажува на суд.

„Доколку заканите беа вистинити Арсовска требало да ги достави до МВР или да поднесе пријава и институциите контролирани од нејзините партнери од Тачела коалицијата веднаш да реагираат. Впрочем, јавноста памети дека имаше еден таков случај на упатувани закани и опожарено возило пред нецела година, од кој Арсовска можела да се поучи како да постапи доколку навистина има закани“, истакна Попов.

Како ВМРО-ДПМНЕ сме загрижени, вели тој, за пресметливоста и психофизичката состојба на Арсовска, не заради неа самата, туку заради функцијата која ја извршува.

„Препорачуваме со големо внимание да се следи нејзината работа и со голема резерва да се земаат нејзините изјави, бидејќи покажа дека за кратко време може да каже голем број лаги со вешта глума“, кажа советникот и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола