Утрински Весник
Економија

Делегација на американската амбасадата во посета на РЕК Осломеј

Делегација на американската амбасадата во посета на РЕК Осломеј

Делегација на амбасадата на САД во Македонија беше во работна посета на РЕК Осломеј, со цел да се запознае со работењето на рударско-енергетскиот комбинат, но и со неговиот статус на прв проект за енергетска трансформација во земјата, кој успешно се спроведува преку неколку етапи, информираат од АД ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

Заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку, ја запозна економската делегација од американската амбасада со 10-мегаватната фотонапонска електрана Осломеј 1, изградена врз поранешното наоѓалиште за јаглен, како и со локацијата за изградба на втора фотонапонска електрана со ист капацитет, и двете во сопственост на АД ЕСМ.

Делегацијаta ја посети и локацијата каде се градат две сончеви електрани од по 50 мегавати, како јавно-приватно партнерство меѓу АД ЕСМ и приватни инвеститори од Бугарија и Турција.

Политичко – економскиот советник во Амбасадата на САД во земјава, Џерек Бас и советникот за економски прашања, Јордан Дамчевски беа запознати со плановите на АД ЕСМ да го зголеми своето портфолио од обновливи извори на енергија и со одлучниот пристап на компанијата во изградбата на електрани за т.н. чиста електрична енергија, од сонце, ветер и вода.

Значајни капацитети на соларни електрани се подготвуваат за изградба во кругот на РЕК Битола, како дел од проектот за енергетска транзиција, кои заедно со електрана на природен гас, согласно усвоената енергетска стратегија на државно ниво, треба да го заменат јагленот во РЕК Битола во следната деценија, се истакнува во соопштението од АД ЕСМ.

Можете да прочитате

Синдикалната минимална кошница во јуни достигна над 64.000 денари

НБРМ очекува годишна просечна инфлација од 3%

Цената на дизелот повторно поскапува од полноќ