Утрински Весник
Македонија

(Видео) Полицајци се степаа во Кривогаштани откако си разменија пцости, па ги разделуваа

(Видео) Полицајци се степаа во Кривогаштани откако си разменија пцости, па ги разделуваа

Снимка од караница, пцуење и разделување во Кривогаштани кружи на социјалните мрежи. Инцидентот се случил на првиот ден од Велигден, а се гледа како двајца полицајци се тепаат меѓу себе. Службените лица се родум од исто село, Житоше. Настанот се случил неколку минути пред пет часот наутро, односно пред разденување.

dobivaj vesti na viber

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, соопшти СВР-Битола.

Причината за тепачката помеѓу двете службени лица, кои се облечени во службени униформи засега е непозната.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС падна на четврто место во Брвеница, а Филипче слави дебакл, граѓаните знаат кој работи и носи резултати

Пожар избувнал во објект во Аеродром, интервенирале пожарникари и полиција

ВЛЕН: За првпат, тетовската библиотека добива универзитетски статус