Утрински Весник
Свет

(Видео) Погодени две станбени згради во Киев

(Видео) Погодени две станбени згради во Киев

Две станбени згради во центарот на Киев беа погодени денес за време на руски ракетен напад врз главниот град на Украина, изјави градоначалникот Виталиј Кличко без да прецизира дали има жртви. На Телеграм, тој напиша дека спасувачите се на местото на настанот и дека се соборени неколку проектили.

dobivaj vesti na viber

На видеото кое на социјалните мрежи го објави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, може да се види како пламен излегува од мал станбен блок. Официјалните лица ги предупредија жителите да останат во засолништа поради страв од нови напади.

Ракетниот напад врз Киев уследи по предупредувањата за воздушен напад низ Украина неколку часа откако Зеленски им се обрати на лидерите на Г-20 собрани на Бали преку видео врска.

Во последните недели Русија ги засили ракетните напади врз Украина, а проектилите ја оштетија енергетската инфраструктура и станбените згради.

Можете да прочитате

Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

Силен земјотрес од 6,9 степени ја погоди областа Танимбар во Индонезија

Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега