Утрински Весник
Спорт

(ВИДЕО) По тежок директен судир со глави играчот на Бордо заврши во кома

Cdc6031a39cd7b9f63f8.jpeg

Напаѓачот на францускиот второлигаш Бордо, Алберт Елис (28) е во индуцирана кома откако се здоби со сериозна повреда на главата по сударот со противникот на саботниот натпревар против Генгамп.

Фудбалерот од Хондурас мораше да биде изнесен од теренот на носилки. Инцидентот се случил само 34 секунди по почетокот на натпреварот.

По судирот со противничкиот играч лекарскиот тим излезе на теренот. Осум минути се обидуваа да му помогнат на теренот, а потоа го префрлија во простории на стадионот.

Тој во свесна состојба бил префрлен во болница, а тестовите покажале сериозна повреда на главата.

Според порталот France Bleu, поради откриените повреди, одлучено е Елис да биде ставена во индуцирана кома, а ќе следат дополнителни тестови.

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја