Утрински Весник
Свет

(Видео) Плажа во Драч полна со змии, вознемирувачка снимка кружи на социјалните мрежи

(Видео) Плажа во Драч полна со змии, вознемирувачка снимка кружи на социјалните мрежи
Dik 300x250 mk

На социјалните мрежи стана вирална снимка од куп змии како лежат на карпеста плажа во Драч, а потоа брзо ползат назад во водата кога снимателот им се приближува.

dobivaj vesti na viber

Видеото го објави страницата на Инстаграм „antidroga07“, а потоа и „podgorički_vremeplov“. Лицата кои планираат да летуваат во Албанија изразија загриженост и прашаа за каква змија се работи.

Одговорот го даде Тихомир Радоњиќ, ветеринарен техничар, кој ја уредува страницата „Pet reptiles Montenegro“.

View this post on Instagram

A post shared by Podgorički vremeplov (@podgoricki.vremeplov)

„Иако нивниот изглед наликува на отровен вид, сепак станува збор за безопасни влечуги, воден вид наречен ‘рибар’ (Natrix tessellata)“, објасни тој.

Како што рече, присуството на голем број од овие змии на едно место е и показател за големиот број риби со кои првенствено се храни овој вид на змии.

„Таму веројатно не се вознемирени или убиени од луѓето и немаат многу природни непријатели, поради што се присутни во толкав број“, напиша тој.

Тој додаде дека отровните змии генерално избегнуваат вода, па ретко е можно да се видат во непосредна близина или во самата вода. Додава дека снимката не е од Јадранско море, но е едно од слатководните езера.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин