Утрински Весник
Свет

(Видео) Пилот на хеликоптер во Италија избегнал смрт. Експерти: Ова е вистинско чудо!

(Видео) Пилот на хеликоптер во Италија избегнал смрт. Експерти: Ова е вистинско чудо!
Dik 300x250 mk

Италијански пилот на хеликоптер избегнал смрт за време на вежба на специјализираната италијанска алпска армија во Мерано, според написите во регионалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

На видеото според извештаите се гледа хеликоптер АБ-205 кој се наоѓа на само неколку сантиметри пред да удри во карпа, но во последен момент пилотот успеал да го контролира леталото и да ја избегне трагедијата.

„Ризикот од удар беше очигледно висок. Еден од колегите што го видел видеото го нарече чинот на пилотот „вистинско чудо“, изјавил воздухопловниот експерт Дејвид Сенчиоти, пишува „Дејли Мејл“.

Хеликоптерот бил однесен на аеродромот во Болзано, а при инцидентот настанала мала штета.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште