Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски се сретна со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј

(Видео) Пендаровски се сретна со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Истанбул се сретна со Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателот Пендаровски искажа благодарност до Вселенскиот Патријарх за посебната улога која ја има во надминувањето на црковниот спор поврзан со нашата црква. Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата Црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви, прифатена како рамноправна со сите останати.

На средбата беше констатирано дека единствениот пат за добивање на легитимен и целосно прифатен Томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската Патријаршија.

„ Поради тоа очекуваме, како држава и Црква од врховното институционално тело во православието, да ни го додели официјалниот документ за црковна самостојност – Томос за автокефалност. Со одлуките на Вселенската Патријаршија на нашата Црква и се признава правото на користење на името Охридска Архиепископија, што значи црковен континуитет од 1000 години. Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за ново и духовно растење на Охридската Архиепископија, напредок и помирување во македонското општество и држава“.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации